
Мастерс Турнир до 18 Години
18.10.2025 - 20.10.2025
Основни Податоци
Правила
Согласно Правилата и Прописите на ТФСМ 13. МАСТЕРС ТУРНИРИ 13.1 Мастерс турнирите се одржуваат според календарот на натпревари на ТФСМ и секогаш се завршни турнири во годината за секоја категорија посебно и ќе траат максимум 3 дена. 1 ден 1 коло 2 ден 1/2 финале и Разигрување од 5 до 8 место 3 ден финале Раигрување 3 и 4 место Раигрување 5 и 6 место Раигрување 7 и 8 место 13.2 Мастерс ќе се одржи исклучиво во ситуација каде во дадедена категорија има најмалку 3 организирани турнири во тековната година. 13.3 Во мастерсот ќе влезат осумте најдобро пласирани на актуелната ранг-листа на ТФСМ по покана на ТФСМ и со потврдено учество за секој натпреварувач во предвидениот рок од страна на матичниот клуб за секоја конкуренција посебно. Доколку во предвидениот рок не е потврдено учеството за одреден натпреварувач, тогаш истиот нема право да се натпреварува и на негово место ќе се натпреварува поканета-потврдена резерва. 13.4 Во случај на задоцнета одјава, на Мастерсот може да настапува натпреварувач кој е присутен на запишувањето и е рангиран во дадената категорија. Не рангирани натпреварувачи немаат право да учествуваат. 13.5 Се играат во систем на елиминации со разигрување за пласман од 1 до 8 место 13.6 Доколку на официјалната ранг листа во дадена категорија повеке натпреварувачи го делат 8 (осмото) место за пласман на Мастерс турнирот, тогаш осмиот натпреварувач ќе биде одреден со извлекување на жрепка. 13.7 Носителите на Мастерсот ќе се одредуваат со полудиригиран жреб и тоа 1 носител позиција број 1 2 носител позиција број 8 3 и 4 носител ќе се извлекува за позиција број 3 односно 6 Останатите учесници со извлекување се распоредуваат на позициите 2, 4, 5 и 7 13.8 Натпреварите во мастерс турнирите во конкуренција до 14, 16, 18 и Мажи/Жени се играат во два добиени стандардни сета со примена на правилото "tie break" во секој сет. 13.9 За организација на мастерс турнирите важат истите критериуми како и за организација на Државните првенства. 13.10 Домаќин на Мастерс турнирот може биде истиот клуб што го организирал и Државното првенство во истата категорија.
Пријавнина
1.200,оо
Почеток на натпреварите
За ЈУНИОРИТЕ, Сабота 18.10.2025 година во 10,оо. За ЈУНИОРКИТЕ, Сабота 18.10.2025 година во 12,оо .
Извлекување
На лице место за ЈУНИОРИТЕ, Сабота 18.10.2025 година во 9,5о часот по претходно запишување на учесниците од 9,30-9,45. На лице место за ЈУНИОРКИТЕ, Сабота 18.10.2025 година во 11,5о часот по претходно запишување на учесниците од 11,30-11,45.
Општо
Секоја жалба се доставува до Делегатот на Турнирот во писмена форма и такса од 2.000 ден и по неа се одлучува веднаш.
Награди
Медали за Првите три пласирани обезбедува ТФСМ, како и Дипломи за 1/2 финалистите.
Напомена
Тениските Клубови се должни во рокот за Пријавата да ги ПРИЈАВАТ и ПОТВРДАТ своите натпреварувачи на емаил: sudiskonatprevaruvacki@tfsm.mk
# | Име | Клуб | Ранк |
---|---|---|---|
1 | Јанев Кристијан | ЈУГ | 1 |
2 | Незири Ерион | Поинтер | 2 |
3 | Новковски Стефан | Чери | 5 |
4 | Стефановски Марин | ИТЦМ | 11 |
5 | Пановски Дарјан | МТП | 14 |
6 | Србљак Игор | Поинтер | 20 |
7 | Јилдиз Селим Џемал | ТАА | 25 |
# | Име | Клуб | Ранк |
---|---|---|---|
1 | Митевска Ана | ЈУГ | 2 |
2 | Андова Теона | ЈУГ | 3 |
3 | Стојановска Ана | Охрид | 4 |
4 | Пиштолова Ирина | ЈУГ | 6 |
5 | Зафировска Зара | Топ Тим | 7 |
6 | Николовска Лина | ЈУГ | 8 |
7 | Арсовска Анастасија | ЈУГ | 10 |
8 | Василевска Ива | МТП | 13 |
9 | Крстевска Деа | Битола | 20 |
10 | Блажевска Надица | Црна Река | 27 |