УСЛОВИ ЗА ПРИФАЌАЊЕ

Со креирањето на профил на играч/тенисер и соодветна уплата согласно Одлука бр.2 на Управниот одбор, ја регулирате годишната членарина за натпреварувачи во Тениската Федерација на Северна Македонија во понатамошниот текст ТФСМ, со што се стекнувате со статус член на ТФСМ и право на пријава на турнирите од Календарот на натпревари за 2025 година.

Со прифаќање на овие услови, се согласувате фотографиите и видеата направени за време на сите официјални настани од Календарот на натпревари и Програмата за работа на ТФСМ, да бидат јавно објавени на веб страната https://www.mtftennis.mk/и профилите на социјалните мрежи на ТФСМ Facebook/Instagram: Македонски тенис Makedonski tennis.


ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ

Оваа Политика на приватност содржи објаснувања за обработката на личните податоци при посета и/или користење на интернет услугите достапни на нашата веб страница https://www.mtftennis.mk/.


 ЦЕЛИ И НАЧИН НА ОБРАБОТКА

Предмет на обработка се податоци за посетителите на веб страницата https://www.mtftennis.mk/ и корисниците на услуги преку оваа веб страница (во понатамошниот текст “корисниците“).

За успешно реализирање на регистрациите и пријавите, неопходно е да ги обработуваме податоците за име и презиме на пријавениот, датум на раѓање, адреса на живеење, е-маил адреса и број на телефон на наши и странски државјани. Во име на ТФСМ се обврзуваме дека ќе ја чуваме приватноста на сите наши корисници. Ги собираме само наведените основни податоци за корисниците кои се неопходни за постапување по регистрациите и пријавите на корисниците согласно добрите деловни обичаи, а со цел давање квалитетна услуга. Сите податоци за корисниците грижливо се чувани од губење, уништување, фалсификување или неавторизиран пристап. Вработените во ТФСМ се обврзани да ја почитуваат доверливоста на податоците и да ги спроведуваат мерките за нивна заштита.

 Личните податоци се обработуваат на совесен и транспарентен начин, согласно важечките прописи за заштита на личните податоци, во мера која е потребна и доволна исклучиво за остварување на целите на обработката на личните податоци.

При обработката на личните податоци се преземаат потребните технички и организациски мерки за да се обезбеди соодветно ниво на безбедност на личните податоци, вклучувајќи заштита од неовластена или незаконска обработка, како и нивно случајно губење, уништување или оштетување.

Личните податоци кои се обработуваат не се споделуваат со трети лица освен кога за тоа постои законска обврска и законски основ, исклучиво во случаите, на начин и во постапка како што е определено согласно со важечките прописи за заштита на личните податоци. 

Веб страницата https://www.mtftennis.mk/користи  „cookies“ односно “колачиња“ за да им помогне на корисниците да го прилагодат користењето на интернетот на своите потреби. “Cookie“е текстуален фајл кој се доделува на хард дискот на компјутерот на корисникот од страна на мрежниот сервер. “Cookies“не можат да бидат искористени да стартуваат програм или да пренесат вирус до компјутерот на корисникот. Тие се доделуваат единствено на корисниците и можат да бидат прочитани од страна на мрежниот сервер во доменот кој Ви ги пратил. Една од основните намени на “сookies“е да Ви обезбеди погодности кои ќе Ви заштедат време. 


ПРАВА НА КОРИСНИЦИТЕ

Корисниците имаат право да бидат информирани за обработката на нивните лични податоци, како и имаат право да побараат пристап, исправка или бришење на личните податоци, ограничување на обработката на нивните лични податоци или да поднесат приговор.

Корисниците имаат право во секое време да ги повлечат дадените согласности во врска со обработката на нивните лични податоци.


СОГЛАСНОСТ И ПРОМЕНА НА УСЛОВИТЕ

Користењето на нашите услуги подразбира согласност на корисникот со наведените услови на користење. Се обврзуваме дека ќе се придржуваме до сè претходно наведено, а сите промени на условите стануваат важечки дури по објавувањето на оваа веб страница.


КОНТАКТ

Сите прашања и барања во врска со обработката на личните податоци преку веб страницата https://www.mtftennis.mk/и во врска со оваа Политика на приватност, корисниците може да ги упатат до Офицерот за заштита на лични податоци преку следниот контакт : contact@tfsm.mk .

Ги прифаќам правилата

Имате профил?