
Мастерс Турнир за Ветерани 30 + Години
11.10.2025 - 13.10.2025
Основни Податоци
Правила
12. МАСТЕРС ТУРНИРИ 12.1 Мастерс турнирите се одржуваат според календарот на натпревари на ТФСМ и секогаш се завршни турнири во годината за секоја категорија посебно. 12.2 Во мастерсот ќе влезат осумте најдобро пласирани на актуелната ранг-листа на ТФСМ за секоја конкуренција посебно. Доколку на официјалната ранг листа во дадена категорија повеке натпреварувачи го делат 8 (осмото) место за пласма на Мастерс турнирот, тогаш осмиот натпреварувач ќе биде одреден со извлекување на жрепка 12.3 Мастерс турнирите се одржуваат според календарот на натпревари на ТФСМ и секогаш се завршни турнири во годината за секоја категорија посебно и ќе траат максимум 3 дена. 1 ден 1 коло 2 ден ½ финале и Разигрување од 5 до 8 место 3 ден финале Раигрување 3 и 4 место Раигрување 5 и 6 место Раигрување 7 и 8 место 12.4 Во мастерсот ќе влезат осумте најдобро пласирани на актуелната ранг-листа на ТФСМ, по покана на ТФСМ и со потврдено учество за секој натпреварувач во предвидениот рок од страна на матичниот клуб за секоја конкуренција посебно. Доколку во предвидениот рок не е потврдено учеството за одреден натпреварувач, тогаш истиот нема право да се натпреварува и на негово место ќе се натпреварува поканета-потврдена резерва. 12.5 Во случај на касна одјава, на Мастерсот може да настапува натпреварувач кој е присутен на запишувањето и е рангиран во дадената категорија. Не рангирани натпреварувачи немаат право да учествуваат. 12.6 Натпреварите се играат по систем на елиминации со разигрување за пласман од 1 до 8 место 12.7 Доколку на официјалната ранг листа во дадена категорија повеке натпреварувачи го делат 8 (осмото) место за пласман на Мастерс турнирот, тогаш осмиот натпреварувач ќе биде одреден со извлекување на жрепка. 12.8 Носителите на Мастерсот Ќе се одредуваат со полудиригиран жреб и тоа 1 носител позиција број 1 2 носител позиција број 8 3 и 4 носител ќе се извлекува за позиција број 3 односно 6 Останатите учесници со извлекување се распоредуваат на позициите 2, 4, 5 и 7 12.9 Натпреварите на Мастерс турнирите се играат во два добиени сета со примена на "тие бреак" во секој сет., Супер "тие - бреак" до 10 поени со најмала разлика од 2 поени, доколку има 3ти сет. 12.10За организација на мастерс турнирите важат истите критериуми како и за организација на Државните првенства. 12.11Домаќин на Мастерс турнирот ќе биде истиот клуб што го организирал и Државното првенство во истата категорија 12.12Сите натпревари на мастерс турнирите се играат со 3 нови топки
Пријавнина
1.200,оо
Почеток на натпреварите
За Ветераните 30 години, Сабота 11.10.2025 година во 10,оо. За Ветераните 50 години, Сабота 11.10.2025 година во 12,оо .
Извлекување
На лице место за ВЕТЕРАНИТЕ 30 години, Сабота 11.10.2025 година во 9,5о часот по претходно запишување на учесниците од 9,30-9,45. На лице место за ВЕТЕРАНИТЕ 50 години, Сабота 11.10.2025 година во 11,5о часот по претходно запишување на учесниците од 11,30-11,45.
Општо
Секоја жалба се доставува до Делегатот на Турнирот во писмена форма и такса од 2.000 ден и по неа се одлучува веднаш.
Награди
Медали за Првите три пласирани обезбедува ТФСМ, како и Дипломи за 1/2 финалистите.
Напомена
Тениските Клубови се должни во рокот за Пријавата да ги ПРИЈАВАТ и ПОТВРДАТ своите натпреварувачи на емаил: sudiskonatprevaruvacki@tfsm.mk
# | Име | Клуб | Ранк |
---|---|---|---|
1 | Арсов Панче | Астибо | 1 |
2 | Петак Бојан | ЈУГ | 4 |
3 | Џугоманов Горан | Евросет | 6 |
4 | Костески Дејан | Топспин | 7 |
5 | Андов Борче | Астибо | 18 |