Тениски клуб Југ

Лига во Тенис за Мажи

02.07.2025 - 06.07.2025

Основни Податоци
Тениски клуб Југ
Скопје
02.07.2025
06.07.2025
30.06.2025
01.07.2025
Антонио Радојничкиќ
Владимир Андонов
Дополнително ќе се објави
Хеад Тоур
Земја
6
Мажи и Жени
Лига во тенис
Правила

Согласно Правилата и Прописите за Натпреварување нс ТФСМ 11. ТЕНИСКА ЛИГА НА МАКЕДОНИЈА ЗА МАЖИ И ЖЕНИ 11.1 Тениската лига на Македонија се организира како Прва лига и квалификации. 11.2 Домаќинот на натпреварот го одредува ТФСМ. 11.3 Број на екипи во Македонската тениска лига изнесува 8(осум) екипи. 11.4 Право на учество во Македонската тениска лига имаат сите регистрирани тениски клубови во ТФСМ, со уредно платена членарина за тековната година. 11.5 Пријавнината за учество во македонска лига ја одредува Управниот одбор на ТФСМ пред почетокот на натпреварувачката сезона и ќе се плаќа пред секој натпревар. 11.6 Правила за пополнување на лигата: - По завршувањето на лигата последната екипа излегува од лигата и следната година ќе ја игра во квалификациите, додека првиот од квалификациите ќе се вклучи во првата лига. 11.7 Во квалификациите учествуваат екипи кои немале пласман во Лигата и новоформираните клубови. 11.8 Правила на натпревари во Првата лига и Квалификациите. - Лигата ќе се одржи со најмалку 3 пријавени екипи, - секоја екипа во лигата ќе игра со сите други екипи од лигата. Како што следи: - пријавени 3 до 5 екипи, сите играат во една група секој со секого - пријавени 6 екипи - две групи составени од по 3 екипи, најдобрите пласирани играат за 1во место, 2ро пласираните од групите играат за 3 то место, - пријавени 7 екипи - се игра во две групи, каде во првата група каде е 1 носител ќе бидат извлечени 3 екипи, најдобропласираните играат за 1во место, 2ро пласираните од групите играат за 3 то место, - пријавени 8 екипи - се игра во две групи од по 4 екипи, најдобропласираните играат за 1во место, 2ро пласираните од групите играат за 3то место, - минималниот број натпреварувачи е 5, а максималниот 12 со тоа што натпреварот мора да го започнат најмалку 5 натпреварувачи. Одредување на натпреварувачкото место во 8 екипите ќе се врши според важечката ранг-листа на ТФСМ и според одредбите кои го регулираат рангирањето на играчите. Играчите кои не се рангирани може да се стават на кое било место во екипата, но после рангираните. Натпреварите се играат по системот 5 поединечни натпревари во два добиени сета со примена на правилото "тие - бреак" во секој сет и 2 натпревари во двојки во два добиени сета, без предност со примена на правилото "tie break", а при резултат 1:1 во сетови ќе се игра одлучувачки "меч tie break" (10 поени) на местото од 3 сет. 11.9 Право на настап во екипите имаат сите регистрирани играчи во ТФСМ кои имаат наполнети 14 години. На секој меѓусебен Натпревар на Тениската Лига помеѓу два тениски клуба, може да настапат само 2 (два) натпреварувачи странци поединечно и во игра на двојки. 11.10 Секој домаќин е должен да ги обезбеди следниве услови за натпреварување: - најмалку 3 истородни тениски терени со димензии прифатени според ИТФ правилата. - Делегатот/врховниот судија и судиите на стол ги одредува ТФСМ, а организаторот ги покрива трошоците за сместување, храна и превоз. - Хонораророт на Делегатот го покрива ТФСМ, а дневниците на судиите на стол ги покрива организаторот. - Топки за натпреварите обезбедува ТФСМ. Секој поединечен меч се игра со нови топки, а игрите во двојки - со топки кои се употребени во поединечните натпревари. 11.11 Победникот на Македонската лига на ТФСМ го добива преодниот пехар и награда која ќе биде одредена пред почетокот на натпреварувачката сезона од страна на Управниот одбор на ТФСМ. 11.12 Доколку некоја екипа/клуб нема платено членарина за тековната година и пријавнина за учество во Првата лига (до колку е член на лигата) нема да и биде дозволено учество во лигата. 11.13 Доколку некоја екипа не настапи на два натпревара во лигата го губи правото на учество во лигата и испаѓа од лигата.

Пријавнина

9.000,оо Денари по Екипа која треба да се уплати на сметка на ТФСМ најдоцна до 30.06.2025 година.

Почеток на натпреварите

Среда 02.07.2025 година во 9,оо Часот.

Извлекување

Вторник 01.07.2025 година во 10,оо часот во ТК Југ-Скопје

Општо

Пријавите и Номинациите на Екипите да се достават во предвидениот рок на sudiskonatprevaruvacki@tfsm.mk

Награди

Награден Фонд за прво пласиранит екипи, Согласно Одлуката на УО на ТФСМ.

Напомена

НОМИНАЦИЈА НА ИГРАЧИ, Понеделник 30.06.2025 година.