Мастерс Турнир до 16 Години
17.10.2026 - 19.10.2026
Основни Податоци
Правила
13. МАСТЕРС ТУРНИРИ 13.1 Мастерс турнирите се одржуваат според календарот на натпревари на ТФСМ и секогаш се завршни турнири во годината за секоја категорија посебно и ќе траат максимум 3 дена. 1 ден 1 коло 2 ден 1/2 финале и Разигрување од 5 до 8 место 3 ден финале Раигрување 3 и 4 место Раигрување 5 и 6 место Раигрување 7 и 8 место 13.2 Мастерс ќе се одржи исклучиво во ситуација каде во дадедена категорија има најмалку 3 организирани турнири во тековната година. 13.3 Во мастерсот ќе влезат осумте најдобро пласирани на актуелната ранг-листа на ТФСМ по покана на ТФСМ и со потврдено учество за секој натпреварувач во предвидениот рок од страна на матичниот клуб за секоја конкуренција посебно. Доколку во предвидениот рок не е потврдено учеството за одреден натпреварувач, тогаш истиот нема право да се натпреварува и на негово место ќе се натпреварува поканета-потврдена резерва. 13.4 Во случај на задоцнета одјава, на Мастерсот може да настапува натпреварувач кој е присутен на запишувањето и е рангиран во дадената категорија. Не рангирани натпреварувачи немаат право да учествуваат. 13.5 Се играат во систем на елиминации со разигрување за пласман од 1 до 8 место 13.6 Доколку на официјалната ранг листа во дадена категорија повеке натпреварувачи го делат 8 (осмото) место за пласман на Мастерс турнирот, тогаш осмиот натпреварувач ќе биде одреден со извлекување на жрепка. 13.7 Носителите на Мастерсот ќе се одредуваат со полудиригиран жреб и тоа 1 носител позиција број 1 2 носител позиција број 8 3 и 4 носител ќе се извлекува за позиција број 3 односно 6 Останатите учесници со извлекување се распоредуваат на позициите 2, 4, 5 и 7 13.8 Натпреварите во мастерс турнирите во конкуренција до 14, 16, 18 и Мажи/Жени се играат во два добиени стандардни сета со примена на правилото "tie break" во секој сет. 13.9 За организација на мастерс турнирите важат истите критериуми како и за организација на Државните првенства. 13.10 Домаќин на Мастерс турнирот може биде истиот клуб што го организирал и Државното првенство во истата категорија.
Пријавнина
1.200,оо Денари
Почеток на натпреварите
За Јуниорите,, Сабота 17.10.2026 година во 10,оо часот. За Јуниорките,, Сабота 17.10.2026 година во 11,3о часот.
Извлекување
За Јуниорите,, Сабота 17.10.2026 година во 9,5о часот. по претходно запишување кое е од 9,30-9,45 часот. За Јуниорките,, Сабота 17.10.2026 година во 11.2о часот. по претходно запишување кое е од 11,оо0-11,15 часот.
Општо
Секоја жалба се доставува до Делегатот на Турнирот во писмена форма и такса од 2.000 ден и по неа се одлучува веднаш.
Награди
Медали за Првите четири пласирани обезбедува ТФСМ, како и Дипломи за 1/2 финалистите.
Напомена
ПОКАНЕТИ ИГРАЧИ ЈУНИОРИ 1. Алексовски Марко, ЈУГ 2. Стојановски Алексеј , Тумба, 3. Стефановски Марин, Тумба, 4. Трпковски Иван, Југ, 5. Дебрешлиоски Стефан, Тумба, 6. Јилдиз Селим Џемал, ТАА, 7. Грујиќ Александар, Југ 8. Пановски Дарјан, Југ, РЕЗЕРВИ 1. Дебрешлиоски Марко, Тумба 2. Темов Андреј, МТП. ЈУНИОРКИ 1. Митевска Сара, Југ, 2. Николовска Лина, Југ, 3. Арсовска Анастасија, Југ, 4. Блажевска Надица, Црна река, 5. Танеска Ведрана, Охрид, 6. Крстевска Деа, Битола, 7. Милкова Јоана, Мондано, 8. Бајрам Нас, Југ, РЕЗЕРВИ 1.Божиновска Ивана, Југ 2. Спасеска Ана, Адвантико. Тениските Клубови се должни во рокот за Пријавата да ги ПРИЈАВАТ и ПОТВРДАТ своите поканети натпреварувачи на емаил: sudiskonatprevaruvacki@tfsm.mk