Тенис Клуб Поинтер

Лига во Тенис за Мажи

23.06.2026 - 26.06.2026

Основни Податоци
Тенис Клуб Поинтер
Скопје
23.06.2026
26.06.2026
19.06.2026
20.06.2026
Антонио Радојничкиќ
Цветан Војчески
Дополнително ќе се објави
Хеад Тоур
Земја
4
Мажи и Жени
Лига во тенис
Правила

Согласно Правилата и Прописите за Натпреварување нс ТФСМ 11. ТЕНИСКА ЛИГА НА МАКЕДОНИЈА ЗА МАЖИ И ЖЕНИ 11.1 Тениската лига на Македонија се организира како Прва лига и квалификации. 11.2 Домаќинот на натпреварот го одредува ТФСМ. 11.3 Број на екипи во Македонската тениска лига изнесува 8(осум) екипи. 11.4 Право на учество во Македонската тениска лига имаат сите регистрирани тениски клубови во ТФСМ, со уредно платена членарина за тековната година. 11.5 Пријавнината за учество во македонска лига ја одредува Управниот одбор на ТФСМ пред почетокот на натпреварувачката сезона и ќе се плаќа пред секој натпревар. 11.6 Правила за пополнување на лигата: - По завршувањето на лигата последната екипа излегува од лигата и следната година ќе ја игра во квалификациите, додека првиот од квалификациите ќе се вклучи во првата лига. 11.7 Во квалификациите учествуваат екипи кои немале пласман во Лигата и новоформираните клубови. 11.8 Правила на натпревари во Првата лига и Квалификациите. - Лигата ќе се одржи со најмалку 3 пријавени екипи, - секоја екипа во лигата ќе игра со сите други екипи од лигата. Како што следи: - пријавени 3 до 5 екипи, сите играат во една група секој со секого - пријавени 6 екипи - две групи составени од по 3 екипи, најдобрите пласирани играат за 1во место, 2ро пласираните од групите играат за 3 то место, - пријавени 7 екипи - се игра во две групи, каде во првата група каде е 1 носител ќе бидат извлечени 3 екипи, најдобропласираните играат за 1во место, 2ро пласираните од групите играат за 3 то место, - пријавени 8 екипи - се игра во две групи од по 4 екипи, најдобропласираните играат за 1во место, 2ро пласираните од групите играат за 3то место, - минималниот број натпреварувачи е 5, а максималниот 12 со тоа што натпреварот мора да го започнат најмалку 5 натпреварувачи. Одредување на натпреварувачкото место во 8 екипите ќе се врши според важечката ранг-листа на ТФСМ и според одредбите кои го регулираат рангирањето на играчите. Играчите кои не се рангирани може да се стават на кое било место во екипата, но после рангираните. Натпреварите се играат по системот 5 поединечни натпревари во два добиени сета со примена на правилото "тие - бреак" во секој сет и 2 натпревари во двојки во два добиени сета, без предност со примена на правилото "tie break", а при резултат 1:1 во сетови ќе се игра одлучувачки "меч tie break" (10 поени) на местото од 3 сет. 11.9 Право на настап во екипите имаат сите регистрирани играчи во ТФСМ кои имаат наполнети 14 години. На секој меѓусебен Натпревар на Тениската Лига помеѓу два тениски клуба, може да настапат само 2 (два) натпреварувачи странци поединечно и во игра на двојки. 11.10 Секој домаќин е должен да ги обезбеди следниве услови за натпреварување: - најмалку 3 истородни тениски терени со димензии прифатени според ИТФ правилата. - Делегатот/врховниот судија и судиите на стол ги одредува ТФСМ, а организаторот ги покрива трошоците за сместување, храна и превоз. - Хонораророт на Делегатот го покрива ТФСМ, а дневниците на судиите на стол ги покрива организаторот. - Топки за натпреварите обезбедува ТФСМ. Секој поединечен меч се игра со нови топки, а игрите во двојки - со топки кои се употребени во поединечните натпревари. 11.11 Победникот на Македонската лига на ТФСМ го добива преодниот пехар и награда која ќе биде одредена пред почетокот на натпреварувачката сезона од страна на Управниот одбор на ТФСМ. 11.12 Доколку некоја екипа/клуб нема платено членарина за тековната година и пријавнина за учество во Првата лига (до колку е член на лигата) нема да и биде дозволено учество во лигата. 11.13 Доколку некоја екипа не настапи на два натпревара во лигата го губи правото на учество во лигата и испаѓа од лигата.

Пријавнина

9.000 денари по екипа, која треба да се плати на сметката на ТФСМ најдоцна до Четврток 18.06.2026 година.

Почеток на натпреварите

Вторник, 23.06.2026 година во 9,оо часот по претходно направен распоред кој ќе се објави најдоцна до Сабота 20.06.2026 година

Извлекување

Петок 20.06.2026 година во 16,оо часот во просториите на ТК Југ-Скопје.

Општо

Пријавите на Екипите да се достават во предвидениот рок односно најдоцна до Четврток 18.06.2026 година на sudiskonatprevaruvacki@tfsm.mk

Награди

Согласно Одлуката на УО на ТФСМ за Награден Фонд на Лигата за 2026 година. https://www.mtftennis.mk/uploads/36_2026_22981770934495.pdf

Напомена

НОМИНАЦИЈА НА ИГРАЧИ, Понеделник 22.06.2026 година, на sudiskonatprevaruvacki@tfsm.mk